Најплатените улоги на сите времиња

Најплатените улоги на сите времиња

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Пред неколку години успехот на филмовите беше речиси загарантиран ако во главната улога се најдеше познат глумец. Ѕвездите како Вил Смит, Том Круз и Џим Кери беа неверојатно добро платени во текот на 90-тите години бидејќи тие ја носеа публиката во кината.

Така Кери за улогата во филмот „Момчето од кабелската телевизија“ од 1996 година бил платен 20 милиони долари бидејќи се очекувало дека ќе донесе толкава заработка само првиот викенд.

plateni


Денес работите се малку различни. Поголема заработка попрво гарантира франшиза отколку самите актери.

Но одредени глумци и понатаму успеваат да си обезбедат голема заработка од улогите, како Вин Дизел кој за филмот „Брзи и бесни“ бил платен 20 милиони долари и Даниел Крег кој остварил заработка од 25 милиони долари за улогата на Џејмс Бонд.

Исто така, важно е да се нагласи дека овие износи не биле однапред договорени, а вклучувале и процент од заработката на филмот.

Листата со најплатени улоги изгледа вака:

16. Ема Стоун, „Ла Ла Ленд“ - 26 милиони долари

15. Арнолд Шварценегер, „Терминатор 3“ - 29 милиони долари

14. Џим Кери, „Речи да“ - 30 милиони долари

13. Том Хенкс, „Спасувајќи го војникот Рајан“ - 40 милиони долари

12. Камерон Дијаз, „Лоша наставничка“ - 42 милиони долари

11. Роберт Дауни Џуниор, „Одмаздници“ - 50 милиони

10. Леонардо ди Каприо, „Почеток“ - 50 милиони долари

9. Џек Николсон, „Бетмен“ - 50 милиони долари

8. Џони Деп, „Пиратите од Карибите“ - 55 милиони долари

7. Том Хенкс, „Форест Гамп“ - 60 милиони долари

6. Харисон Форд, „Индијана Џонс и кралството на кристалниот череп“ - 65 милиони долари

5. Џони Деп, „Алиса во земјата на чудата“ - 68 милиони долари

4. Сандра Булок, „Гравитација“ - 70 милиони долари

3. Том Круз, „Невозможна мисија: Протокол на духови“ - 75 милиони долари

2. Вил Смит, „Човек во црно 3“ - 100 милиони долари

1. Киану Ривс, трилогијата „Матрикс“ - 250 милиони долари