Апликација користи караоке за да ви помогне да научите странски јазик
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Многу истражувања откриле дека учењето странски јазик има краткорочни и долгорочни когнитивни поволности, без разлика на возраста. Познавањето странски јазик може да ви ја отвори и вратата до нови
работни можности, потенцијално да ви помогне со невролошкото здравје и да ви помогне во разбирањето на другите култури.
На интернет има добри курсеви и апликации за учење странски јазик, но „
Билингваап
“ се разликува од сите бидејќи користи комбинација од аудиокниги и караоке-техники за да ви помогне да совладате некој од понудените 14 јазици.
Фото: Pixabay
Учењето нов јазик понекогаш се смета за активност која се прави на училиште, но едно истражување од Технолошкиот институт во Масачусетс покажува дека полесно е да се учи странски јазик во „вистинскиот свет“ отколку на училиште. Сепак, клучот е во вежбањето. Колку повеќе време ќе потрошите на учење јазик, толку подобри ќе бидат вашите резултати, без разлика на вашата возраст. Освен тоа, истражувачите откриле дека редовните и кратки сесии на учење се поефикасни за помнење и задржување на знаењето на долг рок.
Конечно, еден од најефикасните методи за учење нов јазик е оној во кој учите странски јазик од друго лице додека вие му помагате да го научи вашиот мајчин јазик. „Билингваап“ користи три техники за да ви помогне да научите додека читате, слушате и зборувате на новиот јазик.
Текст
Кога ќе започнете лекција на апликацијата, добивате верзии од текст на англиски и на странскиот јазик кој сакате да го научите. Реченицата е означена во двете верзии и може да притиснете на неа за да слушнете како се чита. Апликацијата користи приказни и текстови кои се познати за да може полесно да ја направите споредбата.
Фото: YouTube
Аудио
Во меѓувреме, го слушате читањето на приказната. Аудиото може да биде независно од визуелното прикажување на текстот, па така може да се одлучите само да слушате, а подоцна да го прочитате текстот. Едно истражување покажало дека вежбањето слушање и зборување во исто време има значајни поволности за подобрување на разбирањето.
Караоке
Караокето нема само да ви помогне да споредувате зборови, туку и ќе ви помогне да го подобрите разбирањето во читањето. Како што станувате подобри во зборувањето, може да читате текстови со караоке, со што слушате и зборувате во исто време.
Извор:
futurism.com