Водич за работа од дома на канадската влада
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Голем дел од светското население работи од дома веќе
со месеци. За некои, постресно е да се работи од дома отколку во канцеларија. Канадската влада го зема ова предвид и се труди да го елиминира стресот на нивните работници.
Марк Ричардсон работи во канадската влада. Тој неодамна споделил на интернет електронска пошта од владата за работните принципи во овој период.
- Работам за канадската федерална влада и ни испратија електронска пошта со принципи за работа од дома. Прекрасно е да се работи на место кое е вака опишано - напишал тој.
Водичот за работа од дома изгледа вака:
Работа од дома - принципи за Ковид-19
1. Не „работите од дома“, вие сте „дома, за време на криза, и се обидувате да работите“.
2. Вашето лично физичко, ментално и емоционално здравје сега е многу побитно од било што друго.
3. Не треба да се обидувате да компензирате за изгубената продуктивност со повеќе работни часови.
4. Ќе бидете добри со себе и нема да проценувате како се соочувате со ситуацијата врз основа на останатите.
5. Ќе бидете добри со останатите и нема да проценувате како тие се соочуваат со ситуацијата врз основа на вашето искуство.
6. Успехот на вашиот тим нема да се мери на ист начин како тогаш кога работите беа нормални.
Се претпоставува дека речиси 40% од сите вработени во Канада сега работат од дома. Агенцијата „Рисрч ко“ вели дека 73% од испитаниците во Канада во една анкета сметале дека трендот за работа од дома ќе продолжи и по кризата. Во истата анкета било откриено и дека 46% од Канаѓаните сметаат дека е тешко да се работи од дома поради пречки во работата, но 65% изјавиле дека тие би продолжиле со работа од дома.
Извор:
boredpanda.com
Фото: Twitter