Отворена вила за гости среде џунглата во Мексико, со минимално штетно влијание врз природата

Отворена вила за гости среде џунглата во Мексико, со минимално штетно влијание врз природата

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Патниците што бараат мир и тишина можат да се упатат до „Каса Баутиста“, во која може да се сместат 10 гости во 4 спални соби и студио. Престојот во оваа вила вклучува и три оброци дневно. Готвачот на вилата и персоналот на кујната ќе ги купат сите потребни намирници, ќе готват и ќе чистат, а гостите можат да резервираат масажа и јога-сесии на покривот.

1
Фото: Productora

Поради заштитената локација на биосферниот резерват Сијан Кан во Јукатан, ограничувањата велат дека вилата може да има само 300 квадратни метри и околу 8 метри висина, задржувајќи ниско ниво во околината на џунглата. Резерватот е дом на голем број мајмуни, американски крокодили, централноамерикански тапири и стотици видови птици.


Трите нивоа на вилата се поврзани со бетонски спирални скали. Дизајнирана од компанијата „Продуктора“, зградата е обвиткана со дрвени перголи, заштитувајќи го ентериерот од сонцето. Во случај на ураган, терасите имаат механизам за преклопување и целата вила се трансформира во затворена кутија.

2
Фото: Productora

Вилата е целосно напојувана од соларна и ветерна енергија. Освен тоа, вилата има минимално штетно влијание врз животната средина.

3
Фото: Productora

Сепак, престојот во оваа вила воопшто не е евтин. Цените се помеѓу 1.950 и 6.000 долари за вечер.

Извор: Lonely Planet