Студент создал копија од машината што го инспирирала Алан Тјуринг
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Студент на постдипломски студии на Универзитетот „Кембриџ“ успеал да создаде копија на машината за декрипција создадена во Полска, а со која се пробивале пораки кодирани на германската машина „Енигма“. Оваа полска машина била основа за машината за декрипција нa Алан Тјуринг.
Математичарот Тјуринг е познат по тоа што ја смислил машината „Бомбе“ во Бличеј парк, која можела да пробива германски шифри за време на Втората светска војна. Се смета дека со
пробивањето на германските шифри се скратило времетраењето на Втората светска војна, а со тоа и се спасиле многу животи. Техниките што ги искористил Тјуринг во машината потоа биле искористени во дигиталните компјутери.
Фото: Алан Тјуринг/Wikipedia
Но, полскиот математичар Маријан Пејевски бил тој што прв создал машини способни за пробивање пораки кои се кодирани на машината „Енигма“. Тјуринг се сретнал со Пејевски и неговите колеги во Франција на почетокот од 1940 година за да разговара за декодирање. Тимот подоцна избегал во Велика Британија, каде што Тјуринг работел на машините на Пејевски за да создаде свои уреди во Бличеј парк.
Фото: YouTube
Магистрандот Хал Иванс успеал да ја создаде едната машина со која се декодирале пораки од машината „Енигма“. Според него, тој се заинтересирал да ја направи машината бидејќи таа претходно била реконструирана како софтвер. Во видеото подолу Иванс ја покажува машината и објаснува како функционира таа.
Автор: Сајмон Шарвуд
Извор:
theregister.com