„Снег“ од чоколадо паднал во швајцарско гратче

„Снег“ од чоколадо паднал во швајцарско гратче

Подготвил: Тамара Гроздановски

Жителите на швајцарското гратче Олтен биле прилично изненадени кога почнал да паѓа чоколаден снег.

Имено, честички од какао во прав се распрснале низ целиот град како резултат на дефект на вентилацијата во фабриката „Линдт“. Поради силните ветрови, правта веднаш се раширила.

Компанијата „Линдт“ потврди дека станува збор за дефект во вентилацијата за ладење на линијата за создавање „грицки од какао“ во фабриката во Олтен, меѓу Цирих и Базел. Парчињата од прженото какао се основата од која подоцна се прави чоколадото.

Поради силните ветрови, правта се рашири во непосредната близина на фабриката, оставајќи слој од какао-прав насекаде.

Фабричкото производство било во можност да продолжи нормално, а од компанијата велат дека честичките се безопасни за луѓето и за околината.


Извор: Independent.co.uk
Фото: Twitter