Две разиграни панди му ја отежнуваат работата на вработен во зоолошка градина

Две разиграни панди му ја отежнуваат работата на вработен во зоолошка градина

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Овие две палави и упорни панди им ги стопија срцата на интернет-корисниците. Станаа популарни откако се појави видео на кое се гледа како спречуваат вработена во зоолошката градина да си ја работи работата.

Додека Меи, чуварка во истражувачката база за одгледување панди во Ченгду, се обидува да си ја работи работата, двете панди се тркалаа околу неа и паѓаа.

- Веројатно и си ја сака и си ја мрази работата истовремено - пишува еден јутјуб-корисник.

Од моментот кога се обидува да ја отвори вратата, Меи веќе се соочува со огромен предизвик. Таа ја фрла метлата преку оградата за да им го одвлече вниманието на младенчињата, за да не избегаат. Симпатичните панди се сопнуваат и се превртуваат. Едната влегува во кошницата со лисја и се тркала со неа, а воопшто не ѝ е лесно на Меи да ја извади.

- Мислам дека е смешно што тие се движат бавно, а хаосот што го предизвикуваат се случува толку брзо - пишува еден интернет-корисник.

На голема радост, бројот на дивите панди конечно се зголемува. Уште во 2017 година,Меѓународната унија за зачувување на природата објави дека пандите преминаа од „загрозени“ во „ранливи“ на глобалната листа со видови за кои постои предизвик од истребување. Во текот на изминатата деценија популацијата на пандите порасна за речиси 17 отсто.

- Сите треба да го прославиме ова достигнување. Сепак, важно е да се знае дека пандите и понатаму се ранливи, а голем дел од нивното живеалиште е загрозен од лошо испланирани инфраструктурни проекти. Запомнете, има само 1.864 во дивината - вели Ло Сез Пинг, извршен директор на Светскиот фонд за природа.



Извор: Bored Panda
Фото: Screenshot/Pandapia