Му плаќаат 500 евра за да им ја уништи свадбата, има закажано свадби до ноември

Му плаќаат 500 евра за да им ја уништи свадбата, има закажано свадби до ноември

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Средовечен Шпанец по име Ернесто смислил необичен начин да заработи пари.

Тој објави видео на неговиот профил на „Тик-ток“ во кое детално ја објаснува својата идеја. Имено, Ернесто тврди дека за 500 евра е подготвен да се претстави како љубовник на невестата или на младоженецот и на тој начин да ја откаже венчавката, односно да спречи несакан брак.

Тој стана главна тема во неговиот град и вели дека им се обраќа на луѓето што ја сметаат венчавката за најлоши кошмар наместо за најсреќен ден во нивниот живот.

За 500 евра тој ќе се претстави како „љубовта на животот на невестата или младоженецот“ и притоа ќе бара да се прекине свадбата.

- Ако се сомневате во бракот или партнерот, ако не сакате свадба, а не знаете како да кажете не, не грижете се. Јас ќе ја откажам свадбата наместо вас - вели Ернесто.

Единствено што му е потребно се информациите како време, место и датум кога ќе биде венчавката, а за другото ќе се погрижи тој. Ернесто вели дека целата приказна ја започнал како шега, но луѓето го преплавиле со барања. Тој вели дека во тие 500 евра не се вклучени патните трошоци и доплатата за „неочекувани инциденти“. На пример, ако некој му удри шлаканица, ќе бара надоместок. Секоја шлаканица чини по 50 евра.

Човекот тврди дека бизнисот му цвета и дека има закажано до 2 ноември.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik