Сонувате да живеете во Шведска? Ова село во Лапонија им плаќа на семејствата 900 евра за да се преселат таму
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Ако отсекогаш сте сонувале за мирен живот во природа далеку од градскиот метеж, малиот шведски град Гломерстреск во Лапонија нуди шанса да ја остварите таа желба, дури и ќе ви плати за тоа.
Градот се соочува со сериозен пад на населението, па затоа властите одлучија да понудат атрактивни финансиски стимулации за семејствата што ќе одлучат да се преселат таму. Овие семејства ќе добијат речиси 900 евра, меѓутоа, постојат неколку услови што треба да ги исполнат.
Во 50-тите години градот имал околу 1.000 жители, но денес има само околу 200. Локалната заедница во градот покрена иницијатива да им понуди 875 евра на првите семејства што ќе се преселат во овој град.
Кои се условите?
Условот е да имате деца на возраст помеѓу 6 и 15 години кои ќе посетуваат локално основно училиште најмалку една година.
Интересни факти за Гломерстреск
Гломерстреск се наоѓа во срцето на лапонската дивина, опкружен со шуми и прекрасни езера. Областа е популарна кај љубителите на зимските спортови, како што се скијање, возење со санки и риболов на мраз. Во летните месеци можете да уживате во пешачење, риболов и кампување во недопрена природа.
Градот има и богата рударска историја, која во минатото привлекувала многу работници и нивните семејства. Денес, Гломерстреск е познат по својата заедница и зачувана природа, а повремени туристи доаѓаат да уживаат во прекрасните пејзажи на Северна Шведска.
Зошто треба да размислите да се преселите во Гломерстреск?
Покрај природната убавина, Гломерстреск е идеално место каде што децата можат да растат. Градот е познат по својата безбедност, мирна средина и здрав начин на живот. Мештаните се исклучително гостопримливи, а заедницата е посветена на зачувување на природата и одржлив развој.
Како да аплицирате?
За да се квалификувате, треба да имате деца на школка возраст кои ќе посетуваат локално училиште најмалку една година. Организацијата „Гломерсбугденс Фрамтид“ ќе ви помогне да најдете сместување и работа. Програмата е отворена и за граѓани од земји што не се членки на ЕУ, под услов да добијат шведска дозвола за престој.
Извор:
24sedam.rs
Фото:
Instagram