Бразил годишно губи околу 10.000 квадратни километри прашума

Бразил годишно губи околу 10.000 квадратни километри прашума

Околу 9.760 квадратни километри од бразилската амазонска прашума се уништени од август 2018 година до јули 2019 година, објави бразилската национална агенција ИНПЕ.

Тоа се речиси 30 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година и е најголема површина на уништена прашума регистрирана од 2008 година.

Министерот за животна средина Рикардо Салес ја обвинува нелегалната економска активност за уништување на прашумата.

Но, активистите за животна средина сметаат дека владата на претседателот Жаир Болсонаро е одговорна бидејќи отвори огромни пространства од најголемата светска прашума за комерцијална експлоатација.

- Новите податоци покажуваат дека уништувањето на амазонската прашума е надвор од контрола - нагласи Роберто Малдонадо од Светскиот фонд за заштита на природата (WWF).

Извор: МИА