Се бара кандидат што ќе изгледа 25 божиќни филма во 25 дена
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Некој среќник што живее во САД ќе биде платен да гледа 25 божиќни филма за 25 дена. Хонорарната работа ја нуди веб-страницата за оценување производи „Ривјус“.
Ќе биде избран еден кандидат што ќе ги гледа филмовите по сопствен избор. Веб-страницата ќе му додели едногодишна претплата на секоја од дигиталните платформи за филмови и серии, вклучувајќи ги и „Нетфликс“, „Хулу“, „Дизни +“ итн.
По гледањето на
филмовите треба да се пополни кратка анкета за филмот. На крајот се добива надомест од 2.500 долари, како и бесплатната претплата за платформите.
Може да се пријавуваат лица што имаат најмалку 18 години и имаат работна дозвола во САД. Од сите кандидати се бара да опишат зошто заслужуваат да ја добијат работата.
Пријавувањето трае до 4 декември. Официјалната веб-страница може да ја најдете
овде.
Автор: Елен Гутоски
Извор:
mentalfloss.com
Насловна фотографија: Pixabay