Прокредит банка понуди нов станбен кредит со фиксни каматни стапки

Прокредит банка понуди нов станбен кредит со фиксни каматни стапки

Прокредит банка го претстави новиот станбен кредит кој нуди конкурентни услови и е наменет за лица кои планираат да инвестираат во нов дом или да ги рефинансираат постојните станбени кредити. Новата понуда нуди транспарентни услови и фиксни каматни стапки за период од 5 и 10 години, овозможувајќи стабилност и сигурност.

Покрај фиксните каматни стапки, кои изнесуваат само 3,25% за првите 5 години и 3,6% за првите 10 години, новиот кредит на Прокредит банка е без трошоци за исплата, како и без задолжителна полиса за животно осигурување.

Уште една значајна предност е тоа што клиентите имаат можност да искористат 20% од средствата неконтролирано за уредување на домот или реновирање, што дополнително ја зголемува атрактивноста на оваа понуда.

- Станбениот кредит го креиравме со цел да им овозможиме на нашите клиенти поддршка во остварувањето на нивните планови со обезбедување финансиска сигурност и можност за долгорочно планирање преку предвидливост во отплатата. Со фиксните каматни стапки и отсуството на дополнителни скриени трошоци, веруваме дека обезбедивме најповолни услови за оние што сакаат да направат важен чекор кон нов дом или да го оптимизираат веќе постојниот кредит - појаснуваат од Прокредит банка.

Станбениот кредит е создаден за клиенти кои бараат сигурен партнер, нудејќи им стабилност во финансиското планирање со фиксни месечни рати.

Прокредит банка продолжува да ја нагласува својата посветеност на транспарентноста и фокусот кон клиентите, нудејќи решенија кои обезбедуваат долгорочна финансиска одржливост.

Сите информации за новиот станбен кредит на Прокредит банка се достапни на следниот линк.

(Комерцијална објава)