Од што е направен трофејот за Светското првенство во фудбал?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Фудбалот е еден од најпопуларните спортови во светот, со приближно 3,5 милијарди обожаватели на глобално ниво.
Во 1930 година во Уругвај се одржа првото Светско првенство на ФИФА. Оттогаш се одржува на секои четири години, освен во 1942 и 1946 година поради Втората светска војна.
Годинава, 92 години по неговиот почеток, се одржа во Катар каде што учествуваа 32 репрезентации, а Аргентина се покажа како најдобра репрезентација победувајќи ја Франција во финалето и освојувајќи го трофејот.
Од што се состои трофејот на Светското првенство во фудбал?
Од неговото деби на првиот турнир во 1930 година имало две повторувања на трофејот на Светското првенство. И двата трофеи биле направени со комбинација од метали и ретки камења.
До 1970 година трофејот „Жил Риме“, дизајниран од францускиот скулптор Абел Лафлер, му бил доделуван на победничкиот тим. Редизајнираната верзија на трофејот од Силвио Газанига го заменила оригиналот на Светското првенство во 1974 година.
Трофејот „Жил Риме“
Наречен и „Coupe du Monde“ (француски: Светско првенство), трофејот „Жил Риме“ официјално бил преименуван во 1946 година, во чест на тогашниот претседател на ФИФА, Жил Риме, и неговата 25-годишнина на функцијата.
Трофејот бил висок 35 сантиметри и тежок 3,8 килограми. Бил направен од позлатено првокласно сребро и на него беше прикажана Нике, грчката божица на победата. Основата на трофејот била направена од полускапоцен камен. Имало златни плочки прикачени на секоја страна од основата, на кои биле напишани имињата на победничките тимови од 1930 до 1970 година.
Реплика на трофејот „Жил Риме“ изложена во Англискиот национален фудбалски музеј
Од самиот почеток било договорено првата репрезентација што ќе го освои Светското првенство трипати да може трајно да го задржи трофејот. Во 1970 година Бразил ја забележа третата победа победувајќи ја Италија во финалето, па трофејот „Жил Риме“ си го однел дома.
Но, во 1983 година трофејот што ја преживеал Втората светска војна бил украден од седиштето на Бразилската фудбалска федерација во Рио де Жанеиро и никогаш не бил пронајден. Единственото оригинално парче од трофејот што постои е основата што во 1954 година била заменета за да се сместат повеќе имиња на победнички тимови.
Фото: Elements.Visualcapitalist.com
(За поголема резолуција кликнете
ТУКА)
Трофеј на Светското фудбалско првенство
По предавањето на оригиналниот трофеј на бразилската фудбалска репрезентација во 1970 година, ФИФА одржа натпревар во дизајн во потрага по нов трофеј за Светското првенство. Здружението добило 53 пријави од 7 земји, а дизајнот на Силвио Газанига со две човечки фигури како ја држат планетата Земја во рацете победи на натпреварот.
Овој нов трофеј е висок 36,5 сантиметри и тежок 6,17 килограми. Направен е од 5 килограми 18-каратно злато и два слоја малахит. Основата на трофејот е со дијаметар од 13 см и на неа се врежани имињата на сите победнички тимови од 1974 година заедно со годините. Ова актуелно повторување на трофејот на Светското првенство може да ги собере имињата на 17 победнички земји и години.
Силвио Газанига е познат како креаторот на трофејот за Светското првенство во фудбал
Фото:
Instagram
Основата на трофејот е со дијаметар од 13 см и на неа се врежани имињата на сите победнички тимови од 1974 година заедно со годините. Ова актуелно повторување на трофејот на Светското првенство може да ги собере имињата на 17 победнички земји и години.
За разлика од трофејот „Жил Риме“, сегашниот трофеј нема да му биде предаден на тим, туку трајно ѝ припаѓа на ФИФА и е обезбеден во седиштето на ФИФА во Цирих.
Сепак, позлатена бронзена реплика од пехарот, наречена Трофеј на победниците на Светското првенство, се дава на секој победнички тим.
Извор:
Visualcapitalist.com
Фото:
Instagram