Долгорочните ризици од ковид-19 се поголеми отколку што мислевме

Долгорочните ризици од ковид-19 се поголеми отколку што мислевме

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Иако пандемијата на ковид-19 заврши, милиони луѓе низ светот и понатаму се соочуваат со исцрпеност или проблеми со концентрацијата како последици на оваа болест.

Американските научници велат дека постои и „продолжен грип“ со потенцијално тешки долгорочни последици врз пациентите. Тие анализирале податоци од 81.280 пациенти што биле хоспитализирани поради зараза од коронавирусот или вирус на грип.

Двете заразни болести по акутната фаза, која трае до 30 дена по заразата, носат зголемен ризик од тешки здравствени проблеми, велат научниците. Овој ризик е поголем во случајот со ковид-19 отколку со грипот, заклучиле тие.

- Иако стапките на смртност и негативни здравствени исходи по хоспитализација поради сезонски грип или ковид-19 се високи, оваа компаративна анализа покажува дека хоспитализацијата за ковид-19 била поврзана со повисоки долгорочни ризици од смрт и негативни здравствени исходи во речиси секој органски систем (освен пулмоналниот) - стои во истражувањето.

Научниците посочуваат дека ризикот за здравјето е поголем по 30 дена од заразата за некои луѓе поради овие долгорочни ризици.


Извор: Zimo
Насловна фотографија: Freepik