Како изгледаат бели дробови на пациент со Ковид-19 во споредба со бели дробови на пушач

Како изгледаат бели дробови на пациент со Ковид-19 во споредба со бели дробови на пушач

Подготвил: Тамара Гроздановски

Дури и по цела година борба против овој смртоносен вирус, постојат многу работи што сè уште треба да ги откриеме за Ковид-19 како и неговите долгорочни ефекти врз здравјето на една личност.

Но неодамна докторка од Тексас која лекувала илјадници пациенти заболени од Ковид-19 сподели неколку вредни сознанија за болеста и нејзините последици по споредувањето на три ренгденски снимки на белите дробови: една од здрав пациент, една од пушач и една од пациент со Ковид-19.

Д-р Британи Банкхед-Кендал, асистент-професор на Центарот за здравствени науки на Техничкиот универзитет во Тексас, на „Твитер“ сподели дека белите дробови кај пост-ковид пациенти се полоши од белите дробови на пушачи кои таа досега ги видела.

Докторката објави фотографии од трите рендгенски снимки за да укаже на разликите.

kovid

Белите дробови на здравиот пациент се чисти и имаат доста црн простор, што покажува дека личноста може да вдиши голема количина на воздух.

pusac

Белите дробови на пушач покажуваат замагленост.

kovid

Третата слика ги прикажува белите дробови на пациент кој боледувал од Ковид-19. Може да се забележи дека снимката е речиси бела, што значи дека белите дробови се сериозно оштетни.

Откако твитот доби огромно внимание и доби илјадници одговори, докторката беше гостинка за време на Си-би-ес вестите.

- Сите се загрижени за смртноста и тоа е страшно и ужасно. Но, сите преживеани и луѓето кои биле позитивни на тестот, ова ќе биде проблем. Има луѓе кои велат: „Во ред сум, немам проблеми“, но кога ќе ги проверите на рендген, тие имаат ужасни резултати - вели таа.


Извор: Bored Panda
Фото: Twitter