Ова е најкраденото уметничко дело во историјата

Ова е најкраденото уметничко дело во историјата

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Гентскиот олтар е најкраденото уметничко дело во историјата. Сликата била и горена и оштетувана за време на три различни војни.

Сликата првпат била украдена од црквата во Гент, Белгија, во 1934 година. Подоцна била пренесувана во повеќе различни земји, а во 1940 г. дури и Адолф Хитлер сакал да ја има во музеј што сакал да го изгради.

Олтарот се состои од 12 библиски сцени изработени од Јан ван Ејк во 1432 година. Олтарот бил првиот што бил насликан со маслени бои, а сликарот користел нови техники за претставување на деталите, станувајќи пионер на движењето што ќе стане познато како реализам.

Неодамна се покажало дека олтарот во црквата во Гент всушност претставува копија, што значи дека оригиналот сè уште е изгубен.


Извор: TED-Ed/Youtube
Насловна фотографија: Wikipedia