Што има во внатрешноста на Ајфеловата кула?

Што има во внатрешноста на Ајфеловата кула?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Џерен Оуен направи анимација од Ајфеловата кула во која објаснува како била изградена и што има во нејзината внатрешност.

Изградбата на Ајфеловата кула немала конкретна цел, освен да се докаже дека таа може да се изгради. Иако било планирано да се сруши, таа и денес стои во Париз и претставува една од најпопуларните атракции во градот.

Кулата е висока 324 метри и има три ката. На првиот кат има три градби во кои има ресторан, аудиториум, продавници и инфо-центар. На вториот кат има ресторан и платформа, додека на третиот кат има приватен стан кој го изградил Густав Ајфел, инженерот што ја направил кулата. До секој кат може да се стигне со лифт.


Извор: Youtube
Фото: Pixabay