Нов 3Д-печатач, целиот процес завршува за помалку од 30 секунди

Нов 3Д-печатач, целиот процес завршува за помалку од 30 секунди

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Научниците од Федералната политехничка школа на Лозана (EPFL) развија нов високопрецизен 3Д-процес на печатење што овозможува печатење на многу мали, меки предмети. Клучната карактеристика на новата метода на печатење е дека процесот е многу брз - потребни се помалку од 30 секунди од почеток до крај.

Тимот вели дека нивниот нов процес има широк спектар на потенцијална употреба, вклучувајќи и 3Д-биопечатење.

Сепак, предностите што ги нуди новиот метод во однос на постојните методи го прават идеален за области како медицината и биологијата, особено ако станува збор за изработка на меко ткиво, како органите и слушни помагала.

Новиот метод се базира на принципот на томографија - метод што се темели на математичка процедура на обработка на снимка или томографска реконструкција на снимка со примена на современи компјутери и програмски пакети.

За да се испечати предметот, неопходно е фоточувствителната смола да се осветли од повеќе агли и предметот во неа да се формира како целина, а не дел по дел, што е случај кај претходните методи.

Моментално, системот може да создаде структури од 2 сантиметри со прецизност од 80 микрометри, што е големина колку влакно од коса. Ќе биде возможно и печатење на поголеми предмети до 15 сантиметри, со оглед на тоа што тимот развива нови уреди.


Извор: Slash Gear
Фото: Printscreen/Youtube