Кинески научници ја создадоа најмоќната шпионска камера - снима човечки лица од 100 км
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Кинески научници развија сателит опремен со ласерска технологија која може детално да снима човечки лица од Земјината орбита, на растојание поголемо од 100 километри. Овој моќен ласер има потенцијал да ги редефинира глобалните стандарди за надзор, овозможувајќи беспрекорна прецизност.
Оваа технолошка иновација е 100 пати помоќна од водечките шпионски камери и традиционалните телескопи.
Новата технологија има широка примена, а една од најзначајните можности е следењето странски сателити со ниво на деталност што досега се сметаше за невозможно.
Научниците од Кинеската академија на науките ги претставија своите заклучоци во истражување објавено во списанието „Чајнис журнал оф лејзерс“.
Овој систем, наречен САЛ (англ. Synthetic Aperture Lidar) е вид ласерски радар што може да создава дводимензионални и тродимензионални фотографии со извонредна јасност.
За разлика од претходните системи што користеа микробранова радијација со подолги бранови должини (што резултира со фотографии со послаб квалитет), САЛ користи пократки оптички бранови должини, што овозможува значително почисти и подетални слики.
Тестовите дадоа импресивни резултати. При таргетирање рефлективни призми поставени на повеќе од 100 километри растојание, уредот детектира детали со големина од само 1,7 милиметри, а мерењето на растојанието било со минимално отстапување од 15,6 милиметри.
Ова е огромен напредок во однос на претходните рекорди поставени од американските и кинеските научници и претставува револуционерен чекор во развојот на сателитските технологии за надзор.
Извор:
Rts.rs
Фото: Chinese Academy of Sciences