„Гугл“ го „оживува“ загрозеното светско наследство
Откако со скенирање ги дигитализира некои од најретките и највредни книги и уметнички дела на светот, „Гугл“ почна нов, поголем проект.
Во партнерство со непрофитната организација „CyArk“, „Гугл“ почна проект за
зачувување на историски локации низ светот на кои поради временските услови или човечките активности, им се заканува опасност од исчезнување
Проектот наречен „
Open Heritage project“ ќе користи посебна технологија на ласерско скенирање и проекции во 3Д за да се зачува секој детаљ од историските градби и да се архивираат во дигитален формат.
„Со модерната технологија можеме да ги забележиме овие величествени градби онака како што навистина изгледаат – преполни со детали, различни бои и текстури – а сето тоа со голема прецизност“ – истакна археологот Ченс Кохенур од „Google arts and culture“.
Преку оваа платформа ќе можат да се прегледуваат познати уметнички дела и да се „шета“ низ некои од најпознатите светски музеи од удобноста на сопствениот дом.
Соработката со „CyArk“ на корисниците ќе им овозможи прошетки, предавања, но и дигитален живот на 25 локации од 18 земји низ светот, меѓу кои и храмот Ананда во Мјанмар, кој беше оштетен при земјотресот во 2016 година, а снимен е непосредно пред тој настан. Со проектот веќе се опфатени и палатата Ал Азем во Дамаск и урнатините на градот на Маите, Чичен Ица, во Мексико.
- За многу места развивме посебни 3Д-модели кои на корисниците им овозможуваат навистина да ѕирнат во секој агол од некое место користејќи го прегледувачот
Гугл поли 3Д на „Google arts and culture“. Во изминатите седум години склучивме партнерство со повеќе од 1500 музеи во над 70 земји низ светот за да им ја приближиме светската култура на корисниците - напиша Кохенур во службената објава.