За полесен и поубав сон, Том Харди чита приспивни приказни

За полесен и поубав сон, Том Харди чита приспивни приказни

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Во време кога сите сме во изолација и кога (не) успеваме да бидеме продуктивни и да се соочиме со разни предизвици, се појави еден од најдобрите британски и светски актери на денешницата со цел да ни ја разубави ноќта и полесно да заспиеме со помош на неговите приспивни приказни.

Иако сме навикнати да го гледаме во улога на психопат и социопат, овој пат го гледаме во улога на наратор со прекрасен глас кој чита приказни за добра ноќ.

Каналот на Би-би-си наречен „СBeebies“ го емитува Том секој ден во текот на работната недела во 18:50 часот, како и на Би-би-си ајплеер. Бидејќи ние немаме пристап до овој канал, ни останува да ги гледаме четирите видеа поставени на „Јутјуб“ и да ги чекаме другите.



Извор: Noizz.rs
Фото: Screenshot/YouTube