Њујорк го доби својот прв 2Д-ресторан кој комбинира уметност и суши
Јапонскиот ресторан „Широкуро“ беше отворен во Њујорк на крајот од март, а од првиот ден привлекува големо внимание. Не е ни чудо бидејќи концептот е неверојатно кул – тоа е првиот 2Д-ресторан на Менхетен, инспириран од концептот на 2Д-кафулиња во Кореја, а сега има слични кафулиња и ресторани на неколку места низ светот.
„Широкуро“ им нуди на гостите уникатно искуство на дружење и уживање во јапонските специјалитети, во простор кој изгледа како дводимензионална илустрација. Имено, овој јапонски ресторан е уреден само со црни или бели парчиња мебел, целиот ѕид е обоен со црн маркер, а и дел од мебелот - масите и столовите.
Широкуро = црно-бело
Името доаѓа од зборовите црно и бело, што најдобро го опишува концептот на овој интересен ресторан. Внатрешноста на ресторанот е рачно насликана, создавајќи илузија на дводимензионален простор, вклучувајќи маси, ѕидови, подови, па дури и саксии кои изгледаат рамни.
Покрај визуелното искуство за кое доаѓаат повеќето гости, „Широкуро“ е вистински ресторан за омакасе и суши. Гостите можат да седат во барот и да уживаат во менито од 16 јадења, или да нарачуваат јадења поединечно. Ресторанот нуди и разновидни алкохолни и безалкохолни пијалаци.
Иако штотуку е отворен, „Широкуро“ веднаш стана огромен хит во Њујорк, а пред ресторанот веќе секојдневно се создаваат редици и првите реакции се крајно позитивни, не само за атмосферата, туку и за храната.
Извор: journal.hr
Фото: Instagram