Пробајте да ја решите оваа задача во три чекори и за помалку од 30 секунди

Пробајте да ја решите оваа задача во три чекори и за помалку од 30 секунди

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Кога се соочуваме со математичка равенка, потребно е да се дејствува методично и да се напредува чекор по чекор. Првиот чекор е да ја прочитате и разберете задачата. Кога знаете за што се работи, треба да извршите операции кои ќе доведат до решение.

Овој тест е прилично едноставен – нема непозната X за наоѓање или сложени формули. Сепак, треба да ги знаете основите и да не правите грешки во почетните чекори. Бидејќи математиката е егзактна наука и најмалата грешка влијае врз крајниот резултат.

Најдобрите можат да го најдат за помалку од 30 секунди - дали сте вие еден од нив?

Потребно е да се следат основните математички правила. Потоа треба да се изберат соодветни формули или точни математички операции. Во конкретниот случај, одговорот на оваа загатка може да се најде на два начина. Првиот, кој е наједноставен, бара употреба на три типа операции.


Другиот пристап може да биде поинстинктивен - доволно е да се потпрете на сопствената математичка логика.

Треба да се користат математички правила за првенство, познати и како правила за редослед на операции. Според овие правила, прво се решаваат загради, па множење или делење и на крај собирање или одземање.

Решение

Дали го најдовте решението за оваа задача? Секоја чест! За оние што не го нашле, точниот одговор е 9, а еве го објаснувањето:

1+2=3

6/2=3

3×3=9

Извор: n1info.hr

Фото: Unsplash/Freepik