Училиште на брод - учениците следат настава пловејќи по норвешките фјордови

Училиште на брод - учениците следат настава пловејќи по норвешките фјордови

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Во Норвешка средношколци следат настава на необично место - на брод. Видеото го прикажува училиштето „Ганштад“, пловечки брод кој служи како едукативна платформа каде што учениците учат во вистински поморски услови.

Учениците не само што следат теоретска настава, туку и активно учествуваат во управувањето со бродот, навигацијата и секојдневните морнарски обврски. Наставата на бродот претставува уникатна комбинација од образование и животна пракса, што кај младите развива одговорност, дисциплина и тимска работа.

Бродот често плови низ норвешките фјордови и пристаништа, нудејќи им на учениците авантура и знаење истовремено.



Извор: Facebook
Фото: Screenshot/Facebook