За производството на храна во Македонија, просторните проблеми на театрите, првиот пренос со дигитална аматерска телевизија... Што пишувавме неделава?

За производството на храна во Македонија, просторните проблеми на театрите, првиот пренос со дигитална аматерска телевизија... Што пишувавме неделава?

„Целта е основната храна да ја обезбедиме дома“: Разговор со професорот Зоран Димов од Катедрата за специјално полјоделство

Повеќе од 150 добитници на Нобеловата награда и Светската награда за храна во отворено писмо истакнаа дека се потребни многу поголеми инвестиции во истражувањето, производството и дистрибуцијата на храната за да се спречи глобалната криза со храна во наредните децении. Тие велат дека светот не е на пат да ги задоволи идните потреби за храна, а на тој пат не е ниту Македонија.

Театрите надвор од Скопје немаат свои објекти и се борат за термини - Кумановскиот се реновира од 2021, Струмичкиот се гради веќе 11 години

Глумат во сали борејќи се за термин со игроорни друштва, оркестри, пејачи и други уметници, поради немање греење, понекогаш користат помали сцени, а проектите за нови театарски згради чекаат одобрение за градба или се градат со години.

„Добив честитки од британски и германски станици од кои некои не ни знаеја каде е Македонија“, вели проф. Дејан Трајковски за првиот пренос со дигитална аматерска телевизија преку катарскиот сателит

Македонија се впиша на листата со земји кои емитуваат и примаат дигитална телевизија преку катарскиот сателит Es’Hail QO-100, кој се наоѓа во геостационарна орбита на околу 38.000 km од Македонија. Ова е постигнување на еминентниот проф. д-р Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола.
Тој го направи првиот пренос преку сателит на видео и аудиоматеријал со дигитална аматерска телевизија DATV (ДАТВ) од Македонија.