Нема јунак да го рецензира спорниот учебник по социологија за втора година

Нема јунак да го рецензира спорниот учебник по социологија за втора година

Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Ниту еден социолог не се пријавил да го рецензира коригираниот учебник по социологија за втора година гимназиско образование. Првиот повик за пријава на рецензенти пропаднал, откако никој не се пријавил во дадениот рок. Според законските пропозиции, вчера бил објавен вториот повик за пријавување на рецензенти, рече министерот за образование и наука, Арбер Адеми.

- Учебникот навистина имаше спорни содржини

и влезе во групата учебници во кои треба да се направат одредени измени и дополнувања и тие се направени. За жал, на првиот повик не се пријави ниту еден рецензент. Апелирам до социолозите да се пријавуваат - вториот повик беше објавен вчера – рече Адеми.