Зошто сините животни се толку ретки?

Зошто сините животни се толку ретки?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Според истражувањата, омилената боја на повеќето луѓе е сина, а дури 75 различни земји имаат сина боја на нивните национални знамиња.

Но поради некоја причина, во природата оваа боја не е многу честа, особено кога станува збор за животните и на прсти се бројат животните што сте забележале дека имаат сина боја.

Која е причината, зошто во светот нема многу сини животни?

Бојата зависи од тоа што јаде животното

Речиси сите бои на крзното на животното, кожата или пердувите, имаат пигмент поврзан со она што го консумираат како храна. На пример, билбилчињата консумираат жолти цвеќиња, а лососост и фламингосите јадат розови школки и ракчиња.

1
Фото: Pixabay

Ова важи и за кафеавата, црвената и портокаловата боја, но сината е исклучок. Бидејќи не постои вистински син пигмент кај растенијата, животните не можат да станат сини преку храната, па и затоа се толку ретки.


Повеќето сини животни всушност не се сини


Бојата е начинот на кој перципираме различни бранови должини на светлината. Некои животни изгледаат сини што претежно значи дека развиле начин да ги измамат очите да ги гледаат на ваков начин (тука спаѓаат и сините очи на луѓето), со употреба на физички структури и светлосна рефлексија.

sina
Фото: Pixabay

Сината морфо пеперутка се појавува сина поради начинот на кој нејзините крилја ја одразуваат светлината. Крилјата имаат микроскопска структура што ги апсорбира сите други бои, освен сината. А бидејќи бојата се заснова на структурата, откако крилјата се полнат со нешто различно од воздухот, како на пример алкохол, сината боја ќе исчезне и крилјата ќе се променат.


Не постојат птици со сини пердуви

1
Фото: Pixabay/Unsplash

Сите птици што се чини дека се сини имаат слично структурирани пердуви - тие само ја рефлектираат сината светлина. Секој пердув има мали зрнциња распоредени на начин што ги предизвикуваат сите бои освен сината.

Постои само една пеперутка што создава син пигмент

1
Фото: Wikipedia

Сината како пигмент е неверојатно ретка во природата и можете да ја видите само пеперутката што спаѓа во видот „Nessaea“. Тие хемиски го развиле пигментот на крилјата и нивната боја нема да се промени, без разлика како ги гледате. За истражувачите, оваа пеперутка сè уште е мистерија.

Извор: Bright Side