Видео покажува како паметниот часовник на „Епл“ ја исфрла водата од себе

Видео покажува како паметниот часовник на „Епл“ ја исфрла водата од себе

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Паметните часовници на „Епл“ се водоотпорни. Доколку истурите пијалак на часовникот или пливате со него, тој ќе влезе во фаза на заклучување која го заштитува од потенцијално оштетување од водата.

Во оваа фаза екранот не реагира и сè што може да направите е да го вртите страничното тркалце и со тоа да ја исфрлите водата што влегла во часовникот.

Каналот „Д слоу мо гајс“ на „Јутјуб“ направи забавено видео во кое се покажува што се случува со часовникот додека ја исфрла водата.


Автор: Тарвин Џил
Извор: mashable.com
Фото: YouTube