„Гитхаб“ го зачува целиот софтвер со отворен код на Арктикот
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Платформата за развивање софтвер „Гитхаб“ ја заврши својата програма за архивирање по одложувања предизвикани поради коронавирусот. Ова минатата недела го објави директорката за стратегиски програми Џулија Миткалс.
Целта на програмата е да се зачува софтверот со отворен код за идните генерации со зачувување на
програмските кодови во архива која е изградена за да трае илјада години.
Фото: Pixabay
Проектот започнал во февруари, кога фирмата направила слика од сите активни архиви на „Гитхаб“ кои планира да ги архивира во трезорот. Според оригиналниот план, компанијата лично сакала да ги испрати сите софтвери со отворен код од светот кој се наоѓа на платформата до Арктикот, но пандемијата ја спречила во планот. Затоа чекала до 8 јули за да го остави кодот во трезорот на Арктикот.
Фото: Pixabay
Сите отворени кодови биле архивирани во кутии и така патувале до Арктикот. Трезорот во кој се наоѓаат сега е поранешен рудник за јаглен во планина. Кутиите со кодовите се наоѓаат во просторија под стотици метри мраз, со што се гарантира нивното зачувување најмалку илјада години.
Автор: Лукиа Пападопулос
Извор:
interestingengineering.com