Научниците ја одредија максималната температура која може да ја поднесе човекот
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Научниците ги откриле максималните топлина и влажност кои може да ги преживее човечкото тело. Дури и здрав млад човек ќе почине по престој од 6 часа на место со температура од 35 Целзиусови степени и стопроцентна вланост. Меѓутоа, новото истражување покажува дека границата може да биде значително помала.
На температура од 35 Целзиусови степени, потта, која е главна алатка на телото за намалување на неговата температура, повеќе не испарува од кожата, што доведува до топлотен удар, откажување на органите и смрт. Оваа критична граница била прекршена само околу десетина пати, најчесто во Јужна Азија и Персискиот Залив, објаснил Колин Рејмонд од НАСА.
Во ниту еден од случаите, ситуацијата не останала критична повеќе од два часа, што значи дека никогаш немало услови за масовна смртност поврзана со оваа граница на човечко преживување, додал Рејмонд. Сепак, секој има различна граница на преживување и помалку екстремни услови може да бидат смртоносни за некои луѓе. На пример, се проценува дека минатото лето во Европа починале над 61.000 луѓе поради жештините.
Меѓутоа, научниците предупредуваат дека со глобалното затоплување ќе станат почести екстремните температури и големата влажност. Фреквенцијата на вакви настани е најмалку двојно зголемена во последните 40 години, открил Рејмонд. Истражувањето на Рејмонд предвидело дека високите температури во комбинација со голема влажност ќе станат редовни на неколку точки низ светот во наредните децении, доколку светот се загрее за 2,5 Целзиусови степени во однос на прединдустриските нивоа.
Теоретска граница наспроти реална граница
Според истражувањето на Рејмонд, теоретската граница за преживување изнесува 35 Целзиусови степени со стопроцентна влажност или 46 Целзиусови степени со влажност од 50 проценти.
Меѓутоа, истражувачи од САД ја тестирале оваа граница и откриле дека млади здрави учесници ја достигнале својата максимална граница на 30,6 целсиусови степени со стопроцентна влажност. Според истражувачите, седење на вакви услови во период од 5-7 часа може да биде смртоносно.
Границата за преживување е помала за децата, постарите лице и лица кои работат надвор на високи температури.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Pixabay