Авиокомпанија од Хонг Конг погрешно го напишала своето име на новиот авион
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
„Катеј Пацифик“ (Cathay Pacific), авиокомпанија со седиште во Хонг Конг, насмеа многу луѓе со новиот натпис на авионот. Наместо да напише „Pacific“, напишала „Paciic“, а авиокомпанијата сама се пошегувала на својата грешка на нејзиниот твитер-профил, на кој објавила фотографии од авионот кој повторно оди на пребојување заедно со коментарот: - Oops this specila livery won't last long! She's going back to the shop.
Оттаму истакнаа дека станува збор за обична грешка, иако некои не се согласуваат со тоа.
- Растојанието е премногу правилно за обична грешка. Треба да има поголемо растојание помеѓу буквите за да ме уверат дека станува збор за пропуст - вели еден инженер.
Корисниците на социјалните мрежи прават шеги на нивна сметка и се прашуваат дали можеби станува збор за нова компанија или тајфун што отпатувал со буквата „F“. Но, имаше и такви што ја критикуваа грешката.
- Можеби вашите работници треба да знаат англиски. Тоа би била добра идеја - пишува еден твитер-корисник.
Грешка или не, компанијата ќе ја чини неколку илјади долари.
Ова не е првпат авионите од Хонг Конг да мора повторно да се пребојуваат. Кога пред неколку години било претставено
зеленото лого на еден од претходно ребрендираните примероци, било нацртано во спротивна насока.