Островот на кој нема криминал, има само три семафори и висок наталитет

Островот на кој нема криминал, има само три семафори и висок наталитет

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Фарските Острови можеби им се малку познати на многумина, но оваа прекрасна територија што го одзема здивот навистина вреди да се посети.

Како дел од Данска, Фарските Острови се наоѓаат помеѓу Исланд и Норвешка. Сите острови се населени освен еден, Литла Димун. Популацијата на архипелагот на 18 острови е само 50.000 и тие се од 80 различни националности.

Благодарение на туристичката кампања лансирана од „Посетете ги Фарските Острови“ во 2013 година, туризмот сега е во пораст.

1. Многу домови имаат покриви од трева


На Фарските Острови врне дожд околу 300 дена од годината. Покривите од трева ги штитат домовите и обезбедуваат добра изолација.

1

2. Нема домородни дрвја

Благодарение на силниот ветер и честите жаришта, на Фарските Острови има малку дрвја. И оние што ги има не се домородни, туку биле донесени од Алјаска и Тиера дел Фуего, кои имаат слична клима со Фарските Острови.

3. Фарските Острови еднаш биле независни - 11 дена


Норвешка со векови управувала со Фарските Острови, но биле преземени од Данците на почетокот од 19 век. За време на Втората светска војна нацистите ја окупирале Данска, додека Фарските Острови биле под британска контрола. По завршувањето на војната жителите почнале да размислуваат за независност.

На 14 септември 1946 година референдумот бил во корист на независност - 50,7 отсто „за“, а 49,3 гласале да останат поврзани со Данска. На 18 септември претседателот на парламентот ја прогласил независноста. Но, данската влада ја поништила декларацијата на 20 септември.

4. Речиси нема ресторани за брза храна


На Островите има само два ресторани за брза храна: „Бургер кинг“ и „Сансет булевар“. И двата се наоѓаат во главниот град Торсхавн.

5. Внимание, слободни дами!

Во 2019 година имало 19.988 мажи над 18 години, а само 18.502 жени. Јазот се должи на тоа што многу жени заминуваат во странство за образование и потоа не се враќаат дома. За да компензираат, мажите почнале да бараат љубов на друго место, преку интернет. Многу жени од Тајланд и Филипините прифатиле романса на далечина и можен нов живот на Островите иако драстично се разликуваат и климата и културата. Денес, повеќе од 300 жени од Тајланд и Филипините живеат на Фарските Острови.

6. Има повеќе овци од луѓе


Фарските Острови имаат некаде околу 50.000 луѓе, но 70.000 овци. Овците се корисен начин за одржување на тревата.

2

7. Не се потребни затвори

На Фарските Острови  има толку малку криминал, што тие немаат затвор. Што се случува ако некој го прекрши законот? Во случај некој да биде осуден, има затвор со 12 ќелии на Стрејмој, најголемиот остров на архипелагот. Но, тука можат да останат само ненасилните сторители кои издржуваат казни од 18 месеци или помалку. Секој што ќе направи сериозно кривично дело или има подолга казна е испратен во затвор во Данска.

8. Само три семафори


Сите три семафори се наоѓаат во главниот град, каде што живеат околу 21.000 луѓе и речиси половина од вкупното население на архипелагот.

9. Висок наталитет

За разлика од останатиот дел од Европа, Фарските Острови имаат висока стапка на наталитет од 2,6 во 2016 година. На децата им е дадена слобода да истражуваат самостојно, веројатно поради ниската стапка на криминал и силната култура во семејството. Висока е и стапката на животниот век - 79,9 години за мажите и 84,4 години за жените.

10. Има само еден мост преку Атлантскиот Океан


Мостот „Стрејмин“, кој бил отворен во 1973 година, ги поврзува островите Стрејмој и Ејстурој, двата најнаселени во архипелагот. Тој се протега над најтесната и најплитката точка, поради што локалното население на шега го нарекува „мостот над Атлантикот“. Се очекува да се отвори подземен тунел во декември 2020 година, со што значително ќе се намали сообраќајот на мостот.

most

11. Сурова клима

Ветровите и облаците тука се вообичаени. Не е невообичаено на една локација да има дожд, на друга снег, а на трета сонце. Буквално можете да ги доживеете сите четири годишни времиња во еден ден.

Извор: Adventure.howstuffworks.com
Фото: Freepik