Златен ретривер им дава утеха на пожарникарите во Калифорнија

Златен ретривер им дава утеха на пожарникарите во Калифорнија

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Бидејќи пожарите продолжуваат да се шират низ Калифорнија, пожарникарите неуморно работат  за да ги спречат. Покрај толку застрашувачка и стресна задача, нормално е да бидат анксиозни и вознемирени. Затоа, 2-годишниот златен ретривер им помага да го зајакнат моралот. Керит, кое е овластено терапевтско куче за време на кризи, им нуди утеха на пожарникарите и сериозно си ја сфаќа работата.

Хајди Карман, сопственичка на Керит, објаснува дека првично Керит била тренирана да биде куче-водич за лица со оштетен вид, но поради нејзината топла и прекрасна личност, Хајди одлучила да стане овластено терапевтско куче.

Како што вели Хајди, ретриверот обожава луѓе.

- Уште од рана возраст ми беше јасно дека таа ќе биде одлично терапевтско куче поради нејзината љубов и посветеност кон луѓето - вели Хајди.

1

Керит поминала тренинзи во организација на „Пет партнерс“ и ги положила прилично лесно. Потоа почнала да работи на одделот за итни случаи во една локална болница во Калифорнија, каде што ги посетувала пациентите, семејствата и вработените во болницата.

- Беше љубов на прв поглед - вели Хајди за непосредната љубов меѓу Керит и пожарникарите со кои се запозна. Набрзо тие почнале да бараат Керит да ги посетува во станиците каде што работат.

3

Откако пожарите почнале да се шират низ цела Калифорнија, Хајди знаела дека на пожарникарите им е потребна љубовта и поддршката од Керит. Досега таа го однела кучето во кампот Вудворд Фајр во округот Марин и кампот во округот Фресно - две области што беа најпогодени од пожарите. Кoга ги посетува локациите, Хајди пристигнува со Керит околу 6 часот наутро кога пожарникарите појадуваат и се подготвуваат за 24-часовните смени. Таа шета наоколу нудејќи гушкања и бакнежи на секој што ќе го сретне.

Она што е особено интересно за Керит е дека има неверојатна способност нејзината енергија да се совпадне со енергијата на луѓето.

4

- Ако пожарникарот е возбуден и легне на земјата за Керит да игра со него, таа ќе има уште поголема енергија и ќе се забавува со него. Ако пожарникарот е мирен, под стрес и повлечен, и Керит ќе биде смирена - вели Хајди.

Златните ретривери се познати по тоа што се најдобрата раса за да станат животни за емоционална поддршка. Тие се исклучително пријателски настроени, трпеливи и приврзани, што ги прави совршени миленичиња особено за децата и за оние на кои им е потребна емоционална поддршка. Освен тоа, тие лесно се тренираат во споредба со другите раси.

5

Терапевтските кучиња се тренирани да обезбедат удобност и поддршка, но тие не се кучиња-помошници. Терапевтските кучиња посетуваат домови за стари лица, пензионерски домови и слично, за да обезбедат емоционална поддршка. Кучињата-помошници, пак, се обучени да им помогнат на луѓето што имаат физичка потреба.

Извор: Bored Panda
Фото: Instagram