Девет навики на кои успешните луѓе не трошат време

Девет навики на кои успешните луѓе не трошат време

Подготвил: Билјана Спиркоска

Сакате ли да бидете успешни? Можеби треба да промените некои навики. Ова се девет навики на кои успешните луѓе не го трошат своето време и тука лежи тајната на нивниот успех кога станува збор за организираност и ефикасност.

Дискусии без резултат

Времето е нешто што успешните одамна го сметаат за највредно нешто. Затоа не го трошат на бесмислени расправи и ретко ќе ги затекнете во каква било расправа. Не влегуваат во конфликти кои не носат ништо позитивно. Секој разговор мора да има цел и следни чекори, односно мора да е конструктивен, да води кон решавање проблеми или унапредување на работата.

Одложување на обврските

Сè што можеш денес, не оставај го за утре е една од најважните водилки за успешните луѓе. Секое одложување е намалување на продуктивноста. Освен што добро поставуваат задачи и редослед на нивно решавање, успешните луѓе и веднаш работат на нив. Без разлика дали тоа се едноставни или сериозни задачи, успешните луѓе се добро организирани и фокусирани.

Негативни луѓе

Една од важните одлуки на сите успешни лица е да не се опкруѓени од лица кои ја црпат туѓата енергија. Лошата енергија на негативните лица влијае лошо врз продуктивноста и мотивацијата на околината. Затоа успешните бираат позитивни лица, оние кои го поддржуваат тимот и ги мотивираат другите. Едноставно, оние кои инспирираат и ја поттикнуваат околината на подобри резултати. Успешните избегнуваат луѓе кои постојано се негативни и без ентузијазам.

Бесмислен мултитаскинг

Некој е добар во мултитаскинг, односно во вршење повеќе нешта одеднаш, а некому не му оди од рака. Успешните луѓе го гледаат како нешто што не е продуктивно. Иако можеби ви се чини дека на тој начин може да сте поефикасни затоа што ќе завршите повеќе задачи одеднаш, успешните сепак бираат да одат чекор по чекор. Имаат подобар фокус и затоа се посигурни дека работата ќе биде добро сработена и дека ќе дојдат до саканиот резултат.

Непродуктивни состаноци

Некои луѓе се обидуваат да покажат дека многу работат така што закажуваат многу состаноци. Некои, пак, поради природата на работата не можат да ги избегнат. Во суштина, состаноците трошат многу време, особено ако од нив не излезе јасна цел или некој план. Затоа успешните луѓе одат на мал број деловни собирања бидејќи внимателно бираат каде ќе присуствуваат и многу им е важно состанокот да заврши во зададени рамки бидејќи така се осигуруваат тој да биде фокусиран на целта. Успешните преферираат нештата да ги завршат преку електронска пошта, пораки или видеоповици.

Обвинување на другите

Успешните луѓе не се оние на кои постојано им е крив некој друг. Тие не бараат виновник, туку преземаат одговорност за своите постапки. По неуспехот следува анализа на ситуацијата, извлекување поуки, учење од грешките и изнаоѓање решение. Проблемот останува зад нив. Затоа секој пат се сè подобри во работата.

Потези без план


Во светот на успешните нема избрзани одлуки. На сè му претходи внимателно планирање за да не дојде до непредвидени проблеми и неуспеси. Се поставуваат јасни цели, стратегија и тактика.

Нездрав начин на живот

Половина од успехот на секое лице се физичкото и менталното здравје. Добрата организираност на работата отвора простор успешното лице да биде добро организирано и на приватен план. Тоа значи да се држите до планот и кога станува збор за редовно вежбање, исхрана и спиење. Важно е и да се најде време за опуштање и активности што ослободуваат од стрес и ја одржуваат менталната рамнотежа.

Опсесија со совршенството


Колку и да е добар во работата, перфекционизмот може да биде и пречка во напредувањето. Често завршувањето на задачите се отежнува во потрагата по совршенството. Успешните луѓе се свесни дека совршенството често е недостижно.

Извор: forbes.n1info.rs
Фото: Freepik