Заев најави легализација на марихуаната во туристичките места
Премиерот Зоран Заев најави декриминализација и легализација на марихуаната во туристичките места. Тој во интервју за македонската редакција на
„Дојче веле“ истакна дека декриминализацијата и легализацијата на марихуаната може многу да им помогнат на туризмот и на угостителството.
- Идејата е во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата, постојни и нови, со почитување на одредени стандарди - вентилација, доказ за потекло на марихуаната и слично, да се овозможи консумација на марихуана - вели Заев.
Според премиерот, стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира.
- Верувам дека за мала земја тоа може да донесе сериозен развој на угостителството и туризмот, имајќи ги предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места - вели тој.
Неговата процена е дека овој проект може да ѝ помогне на угостителската дејност, но и на туризмот генерално, а додава дека ако мнозинството се спротивстави на идејата, ова прашање нема да се чепка, пренесува „Дојче веле“.
Фото: vlada.mk