Анкета: Дали би отишле на организиран пречек за Нова година?

Анкета: Дали би отишле на организиран пречек за Нова година?

Уште неколку дена до Новата 2022 година. Вторпат ќе ја пречекаме во услови на пандемија.

Иако раздвиженоста по трговските центри, кафулињата и рестораните е зголемена, новогодишната еуфорија е далеку од онаа на која со години сме биле навикнати.
Додека дел од европските држави овие денови воведуваат нови рестрикции во обид да го спречат ширењето на сојот омикрон, во земјава нема најава за таква опција, ниту, пак, препораки за останување дома.

Омикрон сѐ уште не е детектиран во Македонија, но какви се размислувањата на граѓаните, дали се подготвуваат за пречек на Новата година?
За таа цел, Факултети.мк подготви анкета во која ги прашува граѓаните за нивните планови за новогодишната ноќ.

Анкетата е анонимна, ве очекуваме.





*Оваа анкета не е на научна основа