95-годишен ветеран од Втората светска војна ја предава историјата што ја преживеал

95-годишен ветеран од Втората светска војна ја предава историјата што ја преживеал

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Не многу наставници по историја имаат искуство од прва рака за нивниот предмет. Сепак, еден наставник во Јужна Калифорнија ги споделува своите приказни од живеењето во Големата депресија, нудејќи лична перспектива за многу настани за кои сме навикнати само да читаме.

Џин Арнолд е 95-годишен ветеран од Втората светска војна кој се насочил на предавање по враќањето од странство и не планира да се пензионира.

Арнолд бил роден во доцните 20-ти, кога започнала Големата депресија. Тоа бил тежок период за живеење, а на многумина не им било лесно да најдат храна.

По Големата депресија, Арнолд се пријавил во Маринскиот корпус за време на Втората светска војна. Откако ја напуштил службата, одлучил да работи во образование.

Фактот дека тој може да се присети на голем дел од неговите животни искуства му дозволува да зборува детално за многу работи што му се случиле.

- Старите луѓе се сеќаваат на работи што се случиле одамна, но не можеме да се сетиме што сме правеле утрово - вели тој.

Иако многу работи се промениле до денес, Арнолд сè уште може да се поврзе со своите студенти на многу начини, особено во однос на неодамнешните предизвици што дојдоа со пандемијата.

- Тој нè разбира и може да се поврзе со нас бидејќи и тој одел на училиште во мрачно време. И ние ја доживеавме ковид-пандемијата, а и тој - вели осмоодделенецот Лук Скалеро.



Извор: Mymodernmet.com
Фото: Freepik