Дали спиете во чорапи или не? Еве што тоа открива за вашата личност

Дали спиете во чорапи или не? Еве што тоа открива за вашата личност

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Луѓето се интересни суштества - постојат два вида во светот - оние што носат чорапи додека спијат и оние што претпочитаат да бидат боси. Некои луѓе не можат да заспијат без чорапи на нозете бидејќи им е ладно, а други не можат да спијат со нив бидејќи им е жешко. И сега, многумина се убедени дека тоа е прашање на навика, но всушност тоа е состојба на умот и нема врска со топлината или студот во просторијата, а е поврзано и со состојбата на организмот, тврдат психолозите. Еве го објаснувањето:

Луѓе што спијат со чорапи

Тоа го прават затоа што навистина го чувствуваат студот иако собата не е студена. Ова може да биде поврзано со различни физички аспекти, како што се дебелината на кожата, слабата циркулација и бавниот метаболизам. Но, спиењето во чорапи е исто така одраз на психата. Луѓето што не можат да заспијат без чорапи на нозе обично имаат потреба да бидат заштитени, сакаат да престојуваат на удобни места и секогаш се трудат да воспостават длабоки и многу интимни односи со другите. Тие се нежни по природа, најсреќни во нечии прегратки и немаат ништо против да го делат својот личен простор со други луѓе.

Луѓе што спијат без чорапи

Ним спиењето со чорапи на нозете им предизвикува непријатност и прави да им биде премногу жешко за да заспијат. Физички, ова може да укажува на брз метаболизам, добра циркулација и подебела кожа. Но, гледајќи ја нивната психа, тие се многу независни и заштитнички настроени кон другите. Нивниот личен простор им значи многу и ќе се дружат со други луѓе само кога се расположени. Тие се многу искрени. Ги привлекуваат предизвиците и ќе направат сѐ за луѓето за кои се грижат, само за да се чувствуваат добро.

Извор: 24sata.hr

Фото: Freepik