Канада „увезува“ милион работници
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Во следните три години Канада ќе прими 1.080.000 имигранти.
Оваа земја со околу 37 милиони жители се соочува со проблеми - стареење на населението, пад на наталитетот и недостиг на работна сила, па одлучи да ги отвори своите граници за жители на други земји.
Како што се вели во извештајот на тамошната влада, растот на бројот на имигрантите, особено економските, ќе помогне во одржувањето на работната сила, економскиот раст и поттикнувањето на иновациите.
Сепак, оние што би сакале да го прелетаат Атлантикот, би требало да знаат дека канадската влада не повикува кого било. За да се квалификувате за постојан престој во земјата, мора да имате барем една година завршено образование по средното образование, една година работен стаж и течно да зборувате англиски или француски.
Минатата година Канада одобри постојан престој за 310.000 имигранти, а оваа година тој број би можел да се зголеми на 350.000, во 2020 година на 360.000, додека во 2021 година се планира раст за 370.000 луѓе.
Тоа значи дека
Канада секоја година ќе прима број на мигранти кој би бил голем како еден отсто од населението во целата земја. Тоа и не е толку невообичаено за земја во која еден од пет жители е роден надвор од нејзините граници.