ДЗС: Просечната нето-плата за декември е 43.587 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2024 година изнесува 43.587 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 65.582 денари.
Според ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2024 година, во споредба со декември 2023 година, изнесува 109,0.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: административни и помошни услужни дејности (13,2%), транспорт и складирање (12,3%) и рударство и вадење камен (12%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: рударство и вадење камен (13,4%), административни и помошни услужни дејности, градежништво (7%) и финансиски дејности и дејности на осигурување (5,6%).
Фото: Freepik