Што му се случува на вашето тело кога ќе изедете цело пакетче чипс?

Што му се случува на вашето тело кога ќе изедете цело пакетче чипс?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Кога ќе ви паднат на памет грицки, постои голема шанса веднаш да помислите на чипс: крцкав, мрсен и вкусен, па лесно е да изедете цело пакетче одеднаш.

Но, дали знаете што се случува со вашето тело кога јадете често чипс, особено ако изедете цело пакетче одеднаш? Еве како тоа влијае врз вашето тело.

Ќе се здебелите

Ако уживате во чипс од компир секој ден, постојат големи шанси да добиете неколку килограми. Истражувачи од Универзитетот „Дикин“ откриле дека оние што внесуваат премногу сол често јадат повеќе мрсна храна. Покрај тоа, едно истражување од „Харвард“ открило дека учесниците кај кои чипсот бил дел од нивната нормална исхрана добиваат на тежина секоја година. Чипсот е храна поради која дефинитивно ќе се здебелите.

Можете да станете зависни од него

Многу е лесно да се изеде цело пакетче чипс одеднаш, а причината може да биде тоа што тој е исклучително крцкав. Едно истражување открило дека учесниците ги поврзуваат крцкавоста и звукот на гласно крцкање за време на оброците со свежината на храната, што ја прави попосакувана. Друго истражување открило дека учесниците имаат поголема веројатност да консумираат повеќе чипс ако на пакетчето е наведено дека чипсот е крцкав. Ако мислите дека некоја храна е свежа, тоа може да ве натера да јадете повеќе и тоа е една од причините зошто е толку лесно да се изеде цело пакетче чипс.

cips
Фото: Freepik

Ќе консумирате празни калории

Кога ќе ја погледнете нутритивната содржина на стандардното пакетче чипс, можете да видите дека станува збор за грицки кои се висококалорични и полни со натриум, а сите други вредности се ниски. Но, поради пржењето, чипсот не ви дава никаква хранлива вредност. На крајот ќе изедете повеќе чипс, но поради недостиг на вистинска хранлива вредност, за брзо време ќе огладнете.

Може да ви се покачи крвниот притисок

Постојат многу докази кои наведуваат дека високиот внес на натриум е поврзан со висок крвен притисок, а една од главните компоненти на чипсот е токму натриумот. Ако често јадете многу чипс, ризикот од развој на хипертензија ќе се зголеми со текот на времето. Како додаток, едно истражување открило поврзаност помеѓу честото јадење чипс и зголемувањето на развојот на срцеви заболувања.

Се зголемува ризикот од рак


Постојат голем број податоци кои посочуваат дека јадењето чипс често може да го зголеми ризикот од рак. Американското здружение за карцином наведува дека чипсот од компир содржи соединение акриламид, кое се формира во храна со висока содржина на скроб откако ќе се испржи или испече.

Извор: Eatthis.com
Фото: Freepik