ДЗС: Просечната нето-плата за јануари изнесува 43.050 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2025 година изнесува 43.050 денари, соопштија од Државниот завод за статистика, додавајќи дека просечната бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 64.697 денари.
Според ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 108,9.
- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (15,6%), административни и помошни услужни дејности (12%) и образование (11,4%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: градежништво (6,6%), преработувачка индустрија (5,4%) и финансиски дејности и дејности на осигурување (4,5%) - стои во соопштението.
Фото: Freepik