Зошто членовите на англиското кралско семејство не се врзуваат со појас во автомобилите?
Пензионираниот британски телохранител Мајкл Чендлер, кој извршувал безбедносни услуги на голем број славни, од Пол Макартни до Бредли Купер, во едно неодамнешно интервју истакнал дека често целата работа се сведува на нивото на воочен ризик за поединецот.
- Главната причина зошто членовите на кралското семејство не носат појаси е всушност од безбедносни причини. Иако е апсурдно, како што можете да замислите, постои загриженост да се извлечат луѓето од возилото што е можно побрзо.
Чендлер, кој води своја компанија која ги обучува другите да станат заштитници, додал:
- Веројатно постои пристап заснован на ризик. Постои процена на ризикот, чиј исход ќе одреди дали се потребни дополнителни мерки на претпазливост или не. Костимот и практичноста се други фактори кои влијаат врз тоа дали некој член на кралското семејство ќе стави појас. Кога, на пример, патува на свечена прослава, малку е веројатно дека принцезата од Велс би сакала да го врзи појасот над нејзиниот фустан со светки. На пример, на мажите, сигурносните појаси можат да им ги истуткаат кошулите, па тоа може да биде фактор. Ако член на кралското семејство често влегува и излегува од возило, има помала веројатност да се врзе секогаш кога ќе излезе од автомобилот - изјавил Чендлер.
Иако многу членови на кралското семејство се фотографирани со појаси, тоа обично е во секојдневна употреба.
- Членовите на кралското семејство навистина носат појаси, веројатно многу повеќе отколку што мислат луѓето. Кога патуваат релативно брзо низ Лондон или на автопати - дефинитивно носат појаси - додал Чендлер.

За тоа дали е спротивно на законот членовите на кралското семејство да не носат појаси, експертот за безбедност истакнал дека кралот е единствениот со посебен „правен имунитет“. Другите членови на семејството може да бидат казнети. Но, тоа веројатно никогаш нема да се случи.
- Накратко, полицијата која обезбедува заштита веројатно нема да биде вознемирена или предупредена од нивните полициски колеги - додал тој.
Извор: miss7.24sata.hr
Фото: Instagram