Успех наспроти достигнување
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Разликата помеѓу успехот и достигнувањата е суптилна, но клучна. Успехот е субјективно чувство за тоа како вие правите нешто во однос на тоа зошто го правите тоа. Достигнувањето е објективна мерка за она што всушност сте го направиле.
Па, сепак, успехот е многу поважен од достигнувањата.
Навистина, би можеле да ги постигнете сите достигнувања во светот, но нема да бидете успешни. Секогаш можете да го видите тоа, луѓе што имаат многу надворешни индикатори за успех, а однатре се крш.
Тие ја изгубиле својата цел и повеќе немаат причина да го прават тоа што го прават. Она што некогаш било искрена страст сега станува потреба за надворешна проверка. Бескрајна потреба за стекнување и постигнување. Затоа, наместо да се фокусираат на тоа зошто, фокусот се префрла на она што ќе се прави и да се направи што е можно повеќе од тоа, најверојатно на сметка на нивните
вредности.
Според американскиот автор Сет Годин, уметност е кога човекот прави нешто што можеби нема да запали. Кога сте фокусирани на нешто, само се грижите тоа да функционира, повеќе не знаете зошто го правите тоа.
Интересно е што многу успешни претприемачи признаваат дека биле посреќни пред да станат „успешни“, кога нивните мотивации биле во согласност со нивните вредности. Достигнувањето ги отруло, а нивната мотивација се променила.
Кога вашата мотивација се движи од внатрешна кон надворешна, вашите перформанси природно се намалуваат кога ги гледате на долг рок. Можеби ќе бидете во можност да одржите високи перформанси некое време, често со големи последици врз вашето здравје, односи и финансии.