Библиотека скриена во хотелска соба, вратата се отвора кога ќе повлечете една книга

Библиотека скриена во хотелска соба, вратата се отвора кога ќе повлечете една книга

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Ако ја посетите собата „100 години Холивуд“ во хотелот „Бела Виста“ во Колома Лотус, Калифорнија, ќе откриете дека нуди нешто дополнително како дел од вашиот престој.

Собата е опремена со библиотека до која имате пристап само ако отворите една посебна книга што се наоѓа на полиците. Откако ќе ја отворите, ви се отвора врата што ве води до прекрасна удобна библиотека.
How do you like our secret room? from r/secretcompartments

Марк Бахтолд, креатор на содржини за туризам и угостителство, ја открил тајната на собата додека престојувал таму како гостин.

Додека главната соба е инспирирана од стариот Холивуд, библиотеката нуди различен амбиент.

- Скриената просторија е библиотека со фотелја, голем прозорец и ѕид што е уметничка галерија - вели Бахтолд.

1

3

4

Извор: My Modern Met
Фотографии: Facebook | Instagram