Италијански инженери прават респираторни маски од опрема за нуркање
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Италијански инженери се вклучиле во борбата со коронавирусот во земјата. Тие почнале да прават делови за респиратори за една локална болница што имала потреба од уреди за време на кризата со
коронавирусот.
Инженерите ѝ го привлекоа вниманието на јавноста поради нивната генијална идеја поврзана со овие маски. Имено, тие претвораат маски за нуркање во опрема за помош при дишењето на пациентите.
Кристијан Фракаси и Алесандро Ромаиоли велат дека новиот уред веќе бил успешно тестиран на еден пациент. Овие инженери биле контактирани од страна на лекар кој имал идеја да се направат респираторни маски користејќи опрема за нуркање.
Инженерите дизајнирале дел со кој се поврзува класичната маска за нуркање со респираторната машина. „Исиннова“, компанијата за 3Д-печатење која ги произвела деловите, вели дека има патент за новиот дел кој ја поврзува маската за нуркање со респираторната машина, но сепак секој може бесплатно да ја реплицира идејата.
Двајцата инженери претходно дизајнирале и испечателе пластични вентили кои ги поврзувале пациентите со респираторните маски што помагаат во дишењето. Потребни им биле три часа за да го направат прототипот, а производството на секој вентил чини 1 долар.
Автор: Зои Тидман
Извор:
independent.co.uk