Што го предизвика историскиот колапс на американскиот пазар на нафта?

Што го предизвика историскиот колапс на американскиот пазар на нафта?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Американската нафтена индустрија доживеа инфаркт. Цената на барел нафта падна под нулата, односно -37,63 долари. Тоа никогаш не се случило во историјата: нафтените компании дистрибуираат нафта бесплатно затоа што повеќе немаат каде да ја чуваат. Магацините се преполни, а купувачи нема никаде.

Танкерите полни со нафта стојат пред пристаништата бидејќи немаат каде да патуваат. Ваквиот танкер за еден ден чини 75.000 долари, додека нафтените компании пред година дена го плаќале 25.000 долари. Така што, на сите повеќе им се исплаќа да ја подарат нафтата отколку за неа да плаќаат лежарина без никаква надеж дека ќе се продаде.

- Ако можете да најдете магацин, можете добро да заработите - вели Реид Л'Ансон, економист од комапнијата за податоци „Кплер“ од Хјустон, Тексас.

Која е причината?

Падот на цените на нафтата во негатива е предизвикан од драматичниот пад на побарувачката како резултат на пандемијата на коронавирус и војна околу цените на нафтата помеѓу Саудиска Арабија и Русија. Тоа доведе до драстично намалување на побарувачката, а бидејќи Русја и Саудиска Арабија до неодамна дури и намерно го зголемија производството за да ги уништат американските произведувачи на нафта, пазарот преку ноќ беше преплавен, а капацитетот на складирање брзо пополнет.

До пад на цената на нафтата дојде и покрај тоа што Русија и Саудиска Арабија, под голем притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, неодамна се согласија за намалување на производството за 10 милиони барели дневно. Но, тие 10 милиони барели беа премалку бидејќи светската побарувачка за нафта падна за околу 30 милиони барели дневно. Поради тоа цената на нафтата не порасна како што очекувал Трамп, туку се случило спротивното, цените на нафтата продолжиле да паѓаат за сега да потонат во негатива.

tramp
Фото: Pixabay

Грешката на Трамп

Американскиот „Вест Тексас Интермедиејт“ поради ова, во понеделникот изгуби повеќе од 250 отсто вредност па во вечерните часови веќе паднал на незамисливо ниски -40,32 долари за барел. Во ден со невиден хаос, трговците на нафта морале да капитулираат што е уште еден тежок удар за кредибилитетот на политиката на претседателот Трамп.

Тој тврдеше дека додека е жив, никој нема да ја уништи американската нафтена индустрија, но се покажа дека малкумина во светот, дури и неговите најверни сојузници како Саудиска Арабија, ги слушаат неговите закани и тврдења. Трамп досега се фалеше дека САД благодарение на производството на нафта од шкрилец станале не само најголем производител на нафта во светот, туку и постигнале незамислива енергетска доминација во светот.

Најсилното оружје


А токму нафтата и гасот станаа едно од најсилните оружја на кои Трамп ја изгради својата надворешно-политичка стратегија за наметнување на американските интереси низ светот. Поради тоа, падот на цената на нафтата во негатива најдобро ја отсликува катастрофалната ситуација во која се најде светската економија поради пандемијата со Ковид-19, но истовремено е и потврда за губење на кредибилитетот на американскиот претседател Трамп.

„Брент“, втората меѓунардона референтна вредност на нафтата, во понеделникот изгуби „само“ 9 отсто, па барелот падна на 25 долари. Тоа е цената со која се тргува со нафтата во Европа и на Блискиот исток, а причината за релативно високата цена е тоа што во Европа и на Блискиот исток, за разлика од американскиот, сè уште има слободно капацитети за складирање.

Пред неколку дена Стивен Шорк, уредник на билтенот за пазарот на нафта, „Извештајот на Шорк“, најави дека капацитетит за складирање во САД ќе бидат исцрпени во рок од две недели и предупреди за евентуален колапс на нафтената индустрија.

Непознато е колку ќе му треба на пазарот на нафтата за да се опорави. Не само што станува збор за краткорочен пад на побарувачката поради пандемијата, туку кризата сигурно ќе се продолжи и до доцната есен. Економската криза, падот на куповната моќ и губењето на работните места низ светот ќе принуди десетици милиони луѓе да штедат, а меѓу другото и помалку да трошат на гориво и патувања.

Најновите случувања на нафтениот пазар најдобро ја доловуваат мрачната слика на свет кој пати поради кризата со коронавирусот. Податоцит еобјавени од агенцијата „Бејкер Хјуз“ покажуваат дека бројот на активни американски рафинерии за вадење нафта опадна за повеќе од една третина во изминатиот месец.

- Има премногу нафта која нема каде да се складира - објаснува Кит Џакс, постар стратег во „Сосиет Женерале“ во Лондон и најави дека наредната недела кризата ќе се продлабочи.

Извор: Telegram.hr