Студентите од државните студентски домови во Скопје нема да платат сместување за март
Студентите нема да плаќаат партиципација за сместување и исхрана за првите 11 дена од месец март, соопшти Управниот одбор на Државниот студентски дом „Скопје“.
- Се ослободуваат од плаќање партиципација за сместување и исхрана студентите станари сместени во студентските домови со кои управува Државниот студентски дом „Скопје“ за периодот од 1 до 11 март 2020 година поради задоцнето вселување во септември 2019 година – соопшти Државниот студентски дом „Скопје“.
Во образложението пишува дека во академската 2019/2020 година примените студенти-станари во септември се вселиле две недели подоцна, а платиле цела месечна партиципација. Затоа се ослободени од плаќање за март.
Согласно одлука на Владата, Државниот студентски дом „Скопје“, на сместените студенти станари, не смее да им издава фактури за сместување и исхрана за целокупното времетраење на
вонредната состојба.