На 88-годишна возраст, денеска почина папата Франциск, соопштија од Ватикан.
Здравјето на папата последниве месеци беше сериозно влошено поради пневмонија и тој ретко излегуваше пред луѓето.
Хорхе Марио Бергољо беше избран за папа на 13 март 2013 година, а ќе остане запаметен како првиот папа што ја посетил Македонија.
Фото: Архива