Немаме асистенти, 14 наставници ја вршат работата за 40!- вели деканот на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер

Немаме асистенти, 14 наставници ја вршат работата за 40!- вели деканот на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер

Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Струката дизајнер на мебел и ентериер е особено применета во нашето општество. А што поголема e применетоста - толку поатрактивен е студиум. Нашите колеги ги покажаа своите високи вредности во претпријатијата за производство на материјали од дрво и мебел, па сѐ до претпријатијата за проектирање на мебел и ентериер - вели проф.д-р Зоран Трпоски


Десет години не е долго време за една високообразовна институција да застане на цврсти нозе. Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер од Скопје расте полека, но сигурно во врвен факултет, кој го препознаваат во регионот и во светот. Успешни проекти и дипломирани студенти со кои се гордеат професорите се дел од личната карта на факултет.  


Разговаравме со деканот, проф.д-р Зоран Трпоски за досегашните предизвици, но и што ги очекува во наредниот период. 


Во април требаше да прославите два значајни јубилеја. Моментналната состојба ве спречи во април да ја одржите свечената академија. Што значат двата јубилеја? 


- На 26 април требаше да прославиме 10 години од формирањето на Факултетот и 50 години од Институтот за дрвна индустрија во рамките на Шумарскиот факултет во Скопје. Значи, да не се заборави ние постоиме практично 50 години. Приоритет на наставниот кадар на Факултетот е неговата афирмација во и надвор од земјата. Во таа насока ФДТМЕ има потпишани и обновени, билатерални договори со повеќе факултети во нашето опкружување и пошироко. Би ги издвоил: Шумарски факултет - Белград, Факултет за горска промишленост - Софија, Шумарски факултет - Загреб, Биотехнички факултет - Љубљана, Технички факултет во Бихаќ, Факултетот за дизајн на мебел и технологии од Кардица при Универзитетот во Тесалија - Грција. Оваа година, планираме проширување на соработката и со други институции.



Во 2011 година започна со работа Лабораторијата за тестирање на мебел. Досега се акредитирани, по меѓународни стандарди повеќе од 45 методи за тестирање на мебел и ентериер. Во регионот е единствена и најопремена лабораторија од ваков вид. За земја која негува европски перспективи - многу се значајни европските стандарди во производството на мебел.

ФДТМЕ постојано ги реакредитира студиските програми од прв и втор циклус студии. Од учебната 2020/21 година, ќе започнеме и со третиот циклус - докторски студии.

Во рамките на факултетот, функционира и ЦИРДИ (Центарот за истражување и развој во дрвната индустрија) кој е задолжен за врската факултет - индустрија. Секоја година (последниот во март, 2019, во Кавадарци) го организираше семинарот „Технологии, машини и енергетика“. Учествуваа преку 30 стопанственици од дрвната индустрија. Годинава петтиот семинар ќе биде одложен за октомври.

 
Во мај минатата година, во Музеј на Град Скопје, беше организирана Првата годишна изложба на студентите на ФДТМЕ, каде презентираа проекти кои ги работеле во последните години. Втората ја планиравме за април во МАНУ, да биде организирана заедно со јубилејот 10/50 години од постоење на ФДТМЕ. За оваа изложба студентите подготвуваат многу проекти и десетина нови дизајни и прототипови на столови.

Досега имаме објавено осум броја од меѓународното списание „Wood, design&technologies", а во подготовка е ново издание. Од 2019 година, нашето списание на научни и стручни трудови се рангира во академската EBSCO база. Очекуваме дека оваа година ќе влеземе во SCOPUS базата на научни и стручни трудови. Тоа е многу значајно за нас. 

Меѓународната конференција „Wood technology&Product design" се одржа во септември во Конгресниот центар во Охрид. Учествуваа претставници од: Србија, Бугарија, БиХ, Словенија, Хрватска, Турција, Грција, Албанија, Данска, Швајцарија, Унгарија и Македонија. Како и секогаш одлична конференција со добри трудови, многу добри гости и размена на искуства.

На ФДТМЕ функционира и ЦИРДИ (Центарот за истражување и развој во дрвната индустрија) кој е задолжен за врската Факултет - индустрија. Секоја година (последниот во март, 2019, во Кавадарци) го организираше семинарот „Технологии, машини и енергетика“. Учествуваа преку 30 стопанственици од дрвната индустрија. Годинава петтиот семинар ќе биде одложен за октомври. 
Во мај минатата година, во Музеј на Град Скопје, беше организирана Првата годишна изложба на студентите на ФДТМЕ, каде тие презентираат проекти кои ги работеле во последните години. Втората ја планиравме за април во МАНУ, за да биде организирана заедно со јубилејот 10/50 години од постоење на ФДТМЕ. За оваа изложба студентите подготвуваат многу проекти и десетина нови дизајни и прототипови на столови.

На ФДТМЕ функционира и ЦИРДИ (Центарот за истражување и развој во дрвната индустрија) кој е задолжен за врската Факултет - индустрија. Секоја година (последниот во март, 2019, во Кавадарци) го организираше семинарот „Технологии, машини и енергетика“. Учествуваа преку 30 стопанственици од дрвната индустрија. Годинава петтиот семинар ќе биде одложен за октомври. Досега имаме објавено осум броја од меѓународното списание „Wood, design@technologies", а во подготовка е ново издание. Од 2019 година, ова наше списание на научни и стручни трудови се рангира во академската EBSCO база. Очекуваме дека оваа година ќе влеземе во SCOPUS базата на научни и стручни трудови. Меѓународната конференција „Wood technology@Product design" се одржа во септември во Конгресниот центар во Охрид. Учествуваа претставници од: Србија, Бугарија, БиХ, Словенија, Хрватска, Турција, Грција, Албанија, Данска, Швајцарија, Унгарија и Македонија.


Недостигот на подмладен кадар, асистенти, помлади професори е голем проблем и на вашиот факултет. Колку алармантна е состојбата?


- Потребите за подмладување на наставниот кадар е горчлив проблем за Факултетот. Наставниот кадар брои 14 наставници од кои 13 се редовни професори, а еден е вонреден. Асистенти нема. Старосниот просек е над 57 години. Постојано информираме за алармантната состојба и бараме од министерствата за образование и за финансии итно вработување на наставен кадар. Досега, решение нема. За делумно нормализирање на оваа состојба потребно е веднаш да се вработат најмалку 8 асистенти, а секоја наредна година по двајца, односно, заклучно до 2025 година треба да бидат вработени најмалку 16-мина. Ако се одземе бројот на пензионирани наставници, во 2025 година факултетот би имал 22 вработени. Според наставната и предметните програми, реално на ФДТМЕ треба да има активен наставен кадар од 40 вработени (наставници и асистенти).


Дел од проект на студентите презентиран во Љубљана


Ако тенденцијата на невработување асистенти продолжи, Факултетот во 2023 година би имал (поради пензионирање), наставен кадар од само 10 професори. Во тој случај би се соочиле со законското ограничување од максимално 4 предмети по семестар за еден професор. Тоа значи дека веќе во почетокот на 2023 година, Факултетот ќе има проблем со акредитацијата на студиските програми. Се надеваме и очекуваме дека заклучно 2021 година овој проблем барем делумно ќе биде решен.


Интересот за студирање е солиден, дури и расте. Кои струки им се најпривлечни на студентите?


- Струката инженер на мебел и дрво и дизајн на мебел и ентериер е обемна и подразбира повеќе сектори на апликација. Што поголема e апликативноста на струката во општеството - толку поатрактивен е студиумот. Нашите колеги се подготвени за работа започнувајќи од претпријатијата за производство на материјали од дрво и мебел, па сѐ до претпријатијата за проектирање на мебел и ентериер. Завиден е бројот на дипломираните студенти кои веднаш започнаа со самостоен бизнис во областа на инженерството на мебел и дрво и дизајнот на мебел и ентериер.

проф.д-р Зоран Трпоски, декан на ФДТМЕ


Секоја академска година се запишуваат околу 120 редовни и 5-10 вонредни студенти. Најмногу студенти се запишуваат на студиската програма Дизајн на мебел и ентериер, но секоја година се зголемува интересот и за Инженерство на мебел и дрво. Бројот на активни студенти изнесува околу 600, во сите четири студиски години.



ФДТМ може да се пофали со меѓународни проекти во кои се вклучени студентите, кои имаат освојувано и награди и признанија. Колку се важни ваквите проекти, пред сѐ, за студентите?


- Најважна е заедничката работа на професорите и студентите, а кога е збогатена со меѓународна соработка - уште повеќе. Студентите ги сакаат многу овие проекти и со задоволство учествуваат. Тоа се следните проекти: „Отскочна штица“ и „Иновативното училиште-Отскочна штица“, на фондацијата „Меркатор“ од Швајцарија. Во проектот беа вклучени професори и студенти од Швајцарија, Словенија, Србија, БиХ, Русија и Македонија. Нашиот факултет од јануари 2015 до крајот на 2018 година беше учесник во меѓународниот проект „Иновативно училиште отскочна штица“. Проектот вклучи студенти, дипломирани инженери и магистранди од факултети од шест држави. 

Основната цел на проектот беше унапредување на знаењата и соработката на студентите од различни држави низ заедничка соработка на полето на науката и практични проекти, поврзани низ објективот на екологијата, развивање на еколошка свест и создавање на одржливи проекти и дизајн. 


Нашите студенти учествуваа и на некои домашни и меѓународни дизајн платформи со изработка на проекти и прототипови на мебел. Производите беа високо оценувани и изложувани, како на пример: Скопје недела на дизајн, Миксер и  Млади балкански дизајнери.



Практичните проекти ги имплементираме особено преку изработка на реални проекти за реални клиенти како и учество на конкурси. Позначајни од нив се: Проектот за ентериер на повеќенаменски простор за невработени млади од социјално загрозени категории - СОС Детско село - Општина Гази Баба, 2017 година; Идејно архитектонско решение: Проект за ентериер на канцелариски простор на Јавното комунално претпријатие - општина Гази Баба, 2017 година. Идејно архитектонско решение: Проект за ентериер на библиотека и повеќенаменска сала за собири во рамките на Културниот дом во населба Автокоманда - т.ц. Автокоманда, Идејно обликовно решение за елементи од мебел, урбана опрема: Јавен повик - Конкурс, четири проекти за мебел и урбана опрема за општина Гази Баба; Снимање и документирање на артефактите (мебел и ентериери од средината на 19век), на терен каде студентите беа дел од 3.Демирхисарска летна школа – која традиционално се одржува во Манастир Св.Јован Претеча, село Слепче; Идејно архитектонско решение за конзервација на постојната потконструкција и проект за изведба на нова таваница во црквата св.Никола, село Враништа, Струга, август 2019, како и изложбата „100 години од училиштето Баухаус“.


Од изложбата на студентите на ФДТДЕ по повод 100 години Баухаус


Деновиве се соочуваме со вонредна состојба и во образовниот процес. Кои се потешкотиите или предизвиците со кои се соочувате веќе два месеца?


- Факултетот, со отпочнување на вонредната состојба, веднаш донесе одлука за начинот на функционирање во услови на вонредна состојба. Важно е да се напомене дека и претходно, наставата веќе се одржуваше со користење на аудио-видео платформата „Зум“. Од друга страна, УКИМ ја обезбеди Microsoft Teams 365 аудио-видео платформата. 

Онлајн-учењето можеби е поудобен начин за студентите да се здобијат со образование, што не е нешто ново. Меѓутоа, напорот што треба наставниот кадар да го вложи и инвестира е голем. Со воведувањето на вонредната состојба, наставниците непланирано, веднаш и за кратко време мораа да се адаптираат на новонастанатата ситуација. Во нормални услови, подготовката за онлајн-наставата трае неколку месеци. Денес, онлајн-наставата со користење на различни електронски средства за комуникација, при ФДТМЕ е на добро ниво и се повеќе се подобрува. 


Проф.д-р Зоран Трпоски на отворање на студентска изложба


Колоквиумите, односно парцијалните испити, поради техничкиот карактер на испитите не може да се одржуваат. Затоа, оценувањето на знаењето ќе се врши на завршен испит после завршување на вонредната состојба, во јунската и септемвриската испитна сесија.

На почетокот на месецов Факултетот започна и со одбрана на дипломските и магистерските работи преку аудио-видео конференциските платформи.